|

БЕЛА НОЌ 2025 – „Убавината на уметноста“ и македонска музика на Широк Сокак

Под мотото „Убавината на уметноста“, Битола и ова лето ја отвора својата културна сцена за „Бела Ноќ“, традиционален настан кој ги обединува генерациите и ја промовира македонската музика. На 22 и 23 август, Широк Сокак ќе се претвори во отворена сцена под бело небо, исполнета со музика, уметност и незаборавни моменти за сите посетители.

Во рамки на 17 издание на БИТ ФЕСТ, крајот на август традиционално е резервиран за прекрасна вечер под отворено небо – Широк Сокак во бело. Настан кој поврзува генерации, слави традиција и ја воздигнува македонската музика во својот најубав сјај.

Оваа година, „Белата Ноќ“ ѝ е посветена на домашната музичка сцена – на артистите и бендовите кои ја носат душата на градот во секој тон и стих.

Повеќе информации и деталната програма – во прилог.

Петок, 22 август – Детски хепенинг во бело

📍 Плато Офицерски дом | ⏰ Почеток 19:00

• Градинка „Естреја Овадија Мара“

• Маскоти: Мики, Мина, Спајдермен и Куче

• Expose Studio – танцов перформанс

• Бетмен и Спајдермен – „Мисија другарство“

• Детска театарска претстава – „Едусфера“

• Мими со југотo

• Unlimited Coders Academy

• „Цртање за Битола“ – инклузивен карактер

• ДЈ Милојевиќ

• „Ѕвончиња“ – детски хор

• „Поп Рокет“ – тинејџерски хор

• Дона & Friends

• Центар за германски јазик „Илиеви“

Сабота, 23 август – Концертна вечер

📍 Плоштад Магнолија | ⏰ Почеток 21:00

• DJ Тања

• Поп Рок Хор „Битвокс“

• Емоушн бенд

• Никола Зацески

• Тамара Стојковска

• Бојана Скeндеровски & Бенд

• Александра Јанева & Бенд

• Виктор Апостоловски

Слични Објави