Кривична за потпалувач од Прилеп – подметнал три пожари во еден ден

Полицијата поднесе кривична пријава против 58-годишен жител на Прилеп, осомничен дека на 13 август годинава во три наврати предизвикал пожари на различни локации во градот.

Според информациите од СВР Битола, И.Ч. (58) е пријавен поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.

Како што информира полицијата, осомничениот во текот на истиот ден предизвикал пожари на местото викано „Бараките“, во близина на новите градски гробишта, како и во населбата Варош.

Од надлежните институции засега нема дополнителни информации за евентуалната причинета материјална штета, ниту за тоа дали во пожарите биле загрозени луѓе или објекти.

По поднесената кривична пријава, за случајот ќе постапуваат надлежните правосудни органи.

Слични Објави