(Галерија)Коњаница одмара во манастирот „Свети Ѓорѓија“ – Присад
Коњаницата што беше на пауза кај манастирот „Свети Ѓорѓија“ во Присад, да земе здив по патот кон Крушево, беше топло пречекана од прилепчани. За пречекот се погрижија неколку фирми и хумани граѓани. Настанот донесе вистинска радост, особено за најмладите – голем број деца се сликаа со коњите и уживаа во моментот.









