| |

Кажете го своето мислење: Каков транспорт му треба на Прилеп?- ПРАШАЛНИК ЗА ИЗРАБОТКА НА ПЛАН ЗА ОДРЖЛИВА УРБАНА МОБИЛНОСТ –

Општина Прилеп во координација со Министерството за транспорт  е во фаза на изработка на План за одржлива урбана мобилност (Susteinable Urban Mibility Plan – SUMP), чии резултати во иднина ќе придонесат во подобрување на пристапноста,  промовирање на здравјето и безбедноста на граѓаните, поддршка на економскиот раст и ублажување на влијанијата врз животната средина.



Сето ова ќе се постигне преку подобрување на патната инфраструктура, промовирање на одржливи начини на транспорт и усвојување на иницијативи со ниска содржина на јаглерод, насочени кон намалување на емисиите и оптимизирање на протокот на сообраќај, што за градот Прилеп ќе биде од големо значење.

Овој план има за цел да придонесе кон:

  • подобрување на пристапноста и мобилноста за сите граѓани,
  • поддршка на економскиот раст преку поефикасна патна инфраструктура,
  • намалување на загадувањето и емисиите на CO₂,
  • како и промоција на здрави и активни начини на движење, како пешачење и возење велосипед.

„SUMP не е само технички документ, туку визија за развој на Прилеп како модерен, одржлив и инклузивен град. Потребни ни се мислењата, потребите и искуствата на граѓаните, за да го дефинираме вистинскиот правец,“ велат од Општина Прилеп.

Во таа насока, општината ги повикува сите жители да одвојат неколку минути и да учествуваат во пополнување на анкета за мобилност, која ќе помогне во мапирање на постојните проблеми, навики и предлози поврзани со движењето низ градот.

ЛИНК КОН ПРАШАЛНИК

Слични Објави