Лизгалиштето на Плоштадот Магнолија – зимска атракција со пренос во живо

Лизгалиштето на Плоштадот Магнолија во Битола продолжува да привлекува големо внимание, станувајќи главна зимска атракција за битолчани, посебно за најмладите, но и за гостите од соседните градови кои деновиве ја посетуваат Битола.

Во интерес на сите љубители на зимските активности, Јавното претпријатие „Паркинзи“ овозможи пренос во живо (live streaming) на случувањата околу лизгалиштето. Преносот е достапен на следниот линк:
Пренос во живо – Лизгалиште Магнолија

Со празничната програма „Зимска приказна“, Битола станува центар на зимската магија, овозможувајќи незаборавни моменти за локалните жители и гостите.

Слични Објави