|

„Заштита на децата и младите од штетните влијанија и последиците од пушењето“

Во Собранието на Република Македонија се одржа јавна расправа на тема „Заштита на децата и младите од штетните влијанија и последиците од пушењето“, во организација на Комисијата за здравство.

Институтот за јавно здравје учествуваше со свои претставници, кои се обратија пред пратениците, претставниците на надлежните институции и граѓанските здруженија.

Во рамки на расправата беа презентирани резултатите од Глобалното истражување за употреба на тутун кај младите (GYTS 2024), спроведено со поддршка на Светската здравствена организација. Податоците укажуваат на загрижувачки пораст на употребата на новите тутунски и никотински производи кај младите, како и на зголемена изложеност на пасивен чад.

Од Институтот за јавно здравје беше потенцирано дека е неопходно итно и решително дејствување со цел заштита на децата и младите од влијанијата на тутунската индустрија.

Како клучни препораки беа наведени усвојување на сеопфатна регулатива за сите тутунски и никотински производи, зголемување на акцизите, задолжителна едукација во училиштата, континуирани медиумски кампањи и доследно спроведување на законите за средини без чад.

Заштитата на здравјето на младите генерации, беше истакнато, претставува директна инвестиција во иднината на државата.

Слични Објави