|

Одбележани патроните празници на училиштата „Кире Гаврилоски – Јане“ и „Круме Волнароски“

Со почит одбележани патрон празниците на училиштата „Кире Гаврилоски – Јане“ и „Круме Волнароски“. Денес, со достоинство и пиетет, беа одбележани патрон празниците на основните училишта „Кире Гаврилоски – Јане“ и „Круме Волнароски“, кои со гордост ги носат имињата на нашите народни херои. Делегации од Општина Прилеп заедно со Советот на Општината, Сојузот на борци, семејствата на хероите и претставници на училиштата од градот, положија свежо цвеќе и оддадоа почит пред спомен-бистите на Круме Волнароски и Кире Гаврилоски – Јане.

Овие двајца храбри прилепчани, пред 81 година, ги положија своите животи за слободата на Македонија во редовите на Народноослободителната војна. Убиени се во заседа од страна на бугарската полиција, борејќи се до последниот здив — со песна за Македонија. Локалната самоуправа, предводена од градоначалникот Борче Јовчески, останува цврсто посветена на поддршката и унапредувањето на условите во сите училишта, негувајќи го сеќавањето за хероите и вложувајќи во иднината на младите.

Нека им е вечна слава!

Слични Објави