| |

(видео) Одржана седницата за доделување решенија на новоизбраните советници и градоначалник на Општина Прилеп

Денес во големата сала на Општина Прилеп се одржа седница на која Општинската изборна комисија, ги доделени решенијата на новоизбраните советници и на новиот градоначалник.



Во новиот состав на Советот на Општина Прилеп, ВМРО-ДПМНЕ има 17 советници, СДСМ 6, Левица 4, а ЗНАМ 1 советник.

По доделувањето на решението, новоизбраниот градоначалник Дејан Проданоски официјално ја презеде функцијата од досегашниот градоначалник Борче Јовчески.

Со примопредавањето на функцијата и потврдата на новиот советнички состав, започнува новиот четиригодишен мандат на локалната власт во Прилеп.

По доделувањето на решенијата следува закажување на конститутивната седница на Советот на Општина Прилеп

Слични Објави