ХУМАНИТАРНИ ПАРКИНГ ПРОСТОРИ ЗА ХУМАНИТАРНИ ЦЕЛИ ВО БИТОЛА
Општина Битола, во соработка со јавното претпријатие „Паркинзи“ создаде можност за помош онаму каде што е неопходнона преку хуманитарни паркинг места за хуманитарни цели. Собраните средства од паркирањето, општината ќе ги доделува на ранливите категории и граѓани кои имаат потреба од хуманитарна помош.
Хуманитарни паркинг простори се во подзона Б6 на улица Цар Самоил и улица Борка Левата – 17 паркинг места, зона А3 од железниот мост првите 2 места во правец запад исток и зона С4 крајот на Градскиот Парк, во близина на ресторан Император.
Градоначалникот Коњановски, ги повикува граѓаните да ги користат овие простори, притоа овозможувајќи им поддршка на оние на кои им е неопходна:
„Со паркирањето на моето возило, на едно од 19 те хуманитарни паркинг места и регулирањето на обврската со испраќање СМС порака, постапка што редовно ја практикувам кога се возам со автомобил, сакам да ги повикам и другите сограѓани, да ги користат овие простори и заедно, почитувајќи ја одлуката на Советот, да создадеме можности за помош онаму каде што е неопходно, во хуманитарни цели.
Донесената одлука, како локална самоуправа ја реализиравме во соработка со јавното претпријатие „Паркинзи“ на целосно транспарентен начин, при што во секое време, прецизно може да се направи увид колку средства се собрани во оваа зона Х и колку од нив се префрлиле во општината за потоа тие средства да се префрлат, на оние граѓани на кои е потребно да им се помогне.
Наплатата се врши исклучиво со СМС пораки, а цената изнесува 20 денари од изминат час, што мора да се почитува, затоа што за нерегулирано плаќање на овие локации, казната изнесува 1000 денари, од кои 500 денари ќе бидат за хуманитарни цели, а 500 денари за ЈППЈЛП како трошоци за тековното работење, кое секако ги вклучува и редовните контроли на терен.“ изјави градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски.