Мед, музика и традиција – Саем за пчеларство и пчелни производи
Демир Хисар ќе биде домаќин на Саемот за пчеларство и пчелни производи 2025
На 14 јуни 2025 година (сабота), Градскиот плоштад во Демир Хисар ќе биде центар на одржувањето на Саемот за пчеларство и пчелни производи – Демир Хисар 2025. Настанот започнува во 10:30 часот и има за цел да ги промовира пчеларските производи, органското производство и здравиот начин на живот.

Овој саем претставува можност за пчеларите од регионот да ги изложат своите производи како мед, прополис, матичен млеч и други пчелни деривати, а посетителите ќе имаат шанса да дегустираат и купат висококвалитетни природни производи директно од производителите.
Покрај изложбено-продажниот дел, посетителите ќе уживаат и во културно-уметничка програма, во која ќе настапат: КУД „Илинден“ од Демир Хисар и Децата од ЈОУДГ „2-ри Септември“ – Демир Хисар
Настанот е организиран со поддршка од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Медлика Мед Македонија и Општина Демир Хисар.
Овој настан претставува важен чекор кон зајакнување на локалната економија и поддршка на традиционалните занаети, како и промоција на Демир Хисар како дестинација за еко и агро-туризам.