| |

„Лице в лице“ достапно и во Прилеп – купи списание и поддржи човечка приказна

Списанието „Лице в лице“, кое со години претставува симбол на социјална вклученост и поддршка за маргинализираните лица, од неодамна може да се купи и во Прилеп. Продажбата се реализира преку Здружението Центар за развој и едукација – Прилеп, кое стана дел од националната мрежа на поддржувачи на оваа иницијатива.

Еден од првите продавачи во градот е Марјан Костоски, кој со гордост го нуди списанието на граѓаните. Неговата приказна е приказна за истрајност, желба за нов почеток и борба со достоинство.

Со секое купено списание, граѓаните не добиваат само квалитетни и интересни содржини, туку:

  • поддржуваат една инклузивна и хумана иницијатива,
  • придонесуваат кон посолидарно и поправедно општество,
  • овозможуваат економска поддршка и нови шанси за луѓе кои сакаат достоинствен живот.

Списанието „Лице в лице“ е многу повеќе од обично печатено издание – тоа е алатка за социјална вклученост, економска поддршка и глас за маргинализираните. Преку него се отвораат врати за луѓето кои имаат потреба од нов почеток, шанса и поддршка за достоинствен живот.

Продавачите на „Лице в лице“ се лица кои прават храбар чекор напред. Тие вложуваат труд, посветеност и желба да бидат активни граѓани, а не пасивни приматели на помош. Секоја продажба претставува поддршка за нивната животна промена – каде вредноста се препознава во вложениот труд, а не во милоста.

Прилепчани, купатете примерок од продавачите во градот! – Погледни околу себе – можеби некој продавач е блиску до тебе. Застани, насмевни се, поддржи.

Биди лице в лице со хуманоста – Биди лице в лице со промената!

➡️ Купи го списанието „Лице в лице“ – бидејќи со секое купување поддржуваш човек, приказна и промена.

Слични Објави