| |

Големо Езеро подготвено за посетители – апел за почитување на правилата

Вработените од ЈУ Национален парк Пелистер изминативе два дена работеа на уредување на просторот околу Големо Езеро и планинарскиот дом „Димитар Илиевски – Мурато“, лоциран на 2.218 метри надморска височина. Со техничка помош и материјали транспортирани со возила на Паркот, беа подобрени патеките и околниот простор, со цел создавање пријатна и безбедна средина за посетителите.

Од Паркот посочуваат дека Големо Езеро останува едно од најголемите природни богатства на Пелистер и е идеална дестинација за љубителите на планината и чистиот воздух, особено во летните месеци.

„Големо езеро претставува едно од најубавите природни богатства на НП Пелистер и е одлична можност за сите љубители на природата и планината викендите да ги поминат во мирот и тишината на планината далеку од високите температури.“

Од ЈУНП Пелистер потсетуваат дека забраната за движење во шума сѐ уште е на сила, поради што сите посетители се должни да обезбедат дозвола за движење, која може да се добие во Инфоцентарот, административната зграда на Паркот или преку електронски пат, преку официјалната веб или Фејсбук страница.

Покрај тоа, упатен е апел до сите посетители отпадот од планината да го носат назад во своите ранци, а несовесното однесување да го пријават на дежурните броеви:

  • 070 281 300
  • 071 235 972
  • 075 237 267
  • 072 312 212

Слични Објави