Работна посета на Детската градинка „Мајски Цвет“ и Домот за стари лица „Сју Рајдер“
Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски ја посети градинката ЈОУДГ„Мајски Цвет“, каде направи увид на текот на изведбата на детска урбана опрема во дворот на градинката.
Директорката на градинката, Кристина Лајмановска, информираше дека преку оваа инвестиција се создава можност голем дел од програмските активности да се реализирамт во дворот на градинката.
„Тоа е од големо значење за децата затоа што детската игра е неопходна во развојот на социјалните, емотивните и на физичките способности на детето. Игрите и играчките во дворот на градинката им овозможуваат на децата да ја подобруваат концентрацијата и вниманието, се развива фантазијата, тоа е средина во која ќе се учи со допир со раце и преку искуство, ги учи децата на заштитата на средината, опкружувањето и природата. Исто така, ќе бидат поставени различни играчки, справи и реквизити во дворот на оваа, но и во другите градинки кои се во состав на ЈОУДГ „Мајски Цвет“ Битола“ информираше Лајмановска, додека децата изведоа низа креативни активнопсти, песни и игри.
Градоначалникот Коњановски го посети и Домот за стари лица „Сју Рајдер“, каде со директорката Марина Крстиќ, разговараше за идните планови и инвестиции во установата.