Осудени лица од КПД Прилеп ангажирани во уредување на просторот на Новите градски гробишта
Врз основа на склучениот Меморандум за соработка помеѓу Управата за извршување на санкции и ЈКП „Комуналец“ – Прилеп, осудени лица од КПД Прилеп биле ангажирани во активности за уредување и одржување на просторот на Новите градски гробишта во Прилеп.
Како што информираат од Управата за извршување на санкции, активностите се реализираат со цел да се придонесе кон успешна ресоцијализација и вклучување на осудените лица во општествено корисна работа, но и за создавање почиста и поуредена животна средина.
„Со ваквите активности се придонесува за успешно вклучување и ресоцијализација на осудените лица, како и за создавање почиста и поуредена животна средина“, стои во соопштението од Управата за извршување на санкции.
Фото – Управа за извршување на санкции



