Првото бебе во Прилеп за 2026 година е машко
Првото бебе родено во Прилеп во 2026 година е машко. Бебето е родено на Одделението за гинекологија и акушерство при Општата болница „Борка Талески“ – Прилеп.
Мајката Софија и новороденчето Герасим денеска беа посетени од претставници на локалната самоуправа, заедно со претседателката на Советот на Општина Прилеп, директорот на болницата, претставници од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, како и од медицинскиот персонал.
Во име на Општина Прилеп, на семејството им беше врачена штедна книшка и пригодни подароци.



