Струјата поскапува за околу 5 %

Електричната енергија за домаќинствата ќе поскапи за околу 5 проценти, откако Регулаторната комисија за енергетика ги прифати новите пресметки за трошоците во енергетскиот сектор. Корекцијата е резултат на понудената цена на државната компанија ЕСМ, која на последниот тендер достави оферта од 65 евра за мегават-час базна енергија, што директно влијае врз крајната тарифа што ќе ја плаќаат граѓаните од 1 јануари.



Од енергетските институции велат дека поскапувањето произлегува од зголемените производствени трошоци, растот на цените на енергенсите и потребата да се одржи стабилноста на електроенергетскиот систем. И покрај корекцијата, дел од потребните количества струја и понатаму ќе се обезбедуваат од домашни капацитети со цел да се намали зависноста од скап увоз.

Регулаторот нагласува дека новата цена претставува „умерена корекција“, која е неопходна за да се обезбеди сигурно и стабилно снабдување во текот на следната година.

Во меѓувреме, Владата најави дека ќе продолжат мерките за поддршка на најранливите категории преку субвенции, социјални тарифи и дополнителна финансиска помош за да се ублажи ударот врз семејните буџети.

Слични Објави