| |

Санација на трибината на стадионот во Битола и подготвки за меѓународен натпревар со Италија

Општина Битола го започна проектот за санација на јужната трибина на фудбалскиот стадион „Петар Милошевски“, во чии рамки ќе се обноват постоечките скалници, седишта, и ќе се постават нови седишта, а ќе се изврши и заштита на челичните елементи на трибината.

Вкупната вредност на проектот изнесува 46.031.312 денари, кои ќе бидат искористени за модернизација на трибината и подобрување на условите за посетителите.

Во рамките на проектот ќе бидат набавени вкупно 4852 нови седишта, вклучувајќи и резервни. Проектот предвидува и премачкување, обработка на седиштата, како и заштита на челичните елементи, вклучувајќи ја и настрешницата. Сите овие активности имаат за цел да обезбедат поголема безбедност и комфор за гледачите.

Проектот за санација на јужната трибина на стадионот „Петар Милошевски“ е финансиран со поддршка од Владата на Република Македонија преку првиот повик за инвестиции во инфраструктура.

Дополнително, Општина Битола, во соработка со Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), активно работи на исполнување на условите на УЕФА, со цел организирање на меѓународен натпревар за селекциите до 21 година помеѓу Македонија и Италија, кој ќе се одржи на 9 септември.

Овој проект е дел од пошироките напори за подобрување на спортската инфраструктура во Битола и привлекување на меѓународни настани кои ќе ја зголемат видливоста на градот на светската спортска сцена.

Слични Објави