|

Се шири лажна наградна игра поврзана со Лидл – граѓанин од Прилеп веќе наседнал

Се шири лажна наградна игра поврзана со Лидл – компанијата предупредува на измама, граѓанин од Прилеп веќе наседнал

Компанијата Лидл алармира за ширење на лажна наградна игра на социјалните мрежи, при што се нудат „мини фрижидери“ со нивното лого, а од корисниците се бара да кликнат на линк и да пополнат анкета за да учествуваат. Лидл категорично се оградува од оваа активност и апелира до граѓаните да не внесуваат лични податоци на сомнителни веб-страници, бидејќи може да станат жртви на злоупотреба.

„Сите идни наградни игри и промоции ќе бидат објавувани исклучиво преку официјалните канали на Лидл, по започнување на нашата работа во Македонија“, порачуваат од компанијата.

Вчера лицето М.С од Прилеп веќе наседнало на измамата. „Добив лажна порака, пополнив анкета, ги внесов моите лични податоци и банкарска сметка за да ја добијам наградата „мини фрижидери“. По каратко време забележав сомнителни обиди за трансакции, прво ми беа повлечени 600 денари а за деколку часа и дополнителни 2400 денари.“ кажа измаменото лицето за ОТВ порталот. Било приморано веднаш да ја блокира банкарската картичка и да побара издавање на нова.

Случајот е сериозно предупредување до сите граѓани да внимаваат при онлајн комуникација и никогаш да не споделуваат лични податоци преку непроверени линкови, без разлика дали изгледаат како да доаѓаат од позната компанија.

Слични Објави