|

Нови 56 паркинг места кај Декорпод

Согласно планот и програмата на општина, на просторот кај Декорпод, се завршува проектот „Изградба на паркинг простор со инфраструктура во УЕ 5 Декорпод “.

Како што стои во соопштението од општина Битола, „Вкупната асфалтирана површина зафаќа 2000м2, а со тоа се овозможува паркинг простор од отворен тип со капацитет од 56 паркинг места, во склоп на проектот се изработка на, пристапни патеки со рампи и скали до влезовите на зградата Декорпод и тротоари во ширина од 2м изработени со бехатон.

Проектот опфаќа 3 фази на работни активности, одводнување и со тоа се решава проблемот со атмосферските води, коловоз и осветлување.Просторот исто така ќе биде и хортикултурно уреден.

Вкупната инвестиција на општина Битола за овој проект изнесува 7.855.666 денари.

Слични Објави