Првата возачка на автобус во меѓуградскиот сообраќај
Во изминатиов месец на патување со автобус од Скопје до Прилеп, имавме посебно и несекојдневно возење од страна на жена шофер на автобус. А на сето ова сакаме да ставиме акцент дека полека се надминуваат бариерите на „машките професии“. Жаклина Андоноска, единствена возачка на автобус во меѓуградскиот сообраќај. Патиштата се нејзино секојдневие, а безбедноста на патниците е аманет. Со решителност и упорност, својствени на жените, и со сигурноста и професионализмот како мажите во светот на возачите, прилепчанката Жаклина Андоноска, секојдневно го вози автобусот и им пренесува спокојство на околу 50-тина патници на релацијата од 160 километри.
Жаклина е единствената жена-возачка на автобус во меѓуградските линии во земјата. Со професионалната униформа, насмевката и решителноста да го покаже чувството на безбедност, Жаклина влегува во автобусот, го зазема возачкото седиште, ги проверува возните билети и им посакува пријатно патување на патниците.
Професионалната возачка на автобус, веќе една година, се замислува зашто избра да стане возачка на автобус? А зошто не? Одговорот, вели, е лесен. Возењето ја смирува.
Треба долго време да помине за патниците да се навикнат дека жена ги вози. Постојано стекнува искуство, особено од пензионираните возачи, колеги. Но пофалбата од нив е најголема награда, но и признание.
Во следниот напис ќе се обидеме да ги пренесеме нејзините искуства и доживавања и неверување дека и жена може да биде толку добар возач, и дека Жаклина не се чувствува дискриминирано во „машкиот свет“.