| | |

Остварување на граѓанските права и заштита од дискриминација

Pаботилницата со наслов „Остварување на граѓанските права и заштита од дискриминација“ се одржа денес во хотел „Кристал Палас“ во Прилеп. Настанот го отворија градоначалникот на општина Прилеп, г. Борче Јовчески, и градоначалникот на општина Крушево, г. Томе Христоски. Свој придонес дадоа и директорот на Агенцијата за остварување на правата на заедниците, г. Далибор Китановиќ, како и претставничката од Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, г-ѓа Флора Кадриу. Настанот беше поддржан и од претставници на Европската Унија и Советот на Европа.

„Длабоко верувам дека само преку отворен дијалог и вистинска посветеност можеме да изградиме поинклузивна, правична и солидарна заедница.

Секогаш ќе изразувам поддршка на иницијативи кои го унапредуваат квалитетот на живот на сите наши сограѓани, без разлика на нивната етничка припадност, вера, пол, возраст, социјален статус или каква било друга разлика.

Локалната самоуправа има клучна улога во приближувањето на механизмите за заштита на правата на граѓаните – таму каде што луѓето живеат, работат и ги остваруваат своите секојдневни права.

Општина Прилеп останува посветена на креирање средина во која секој поединец ќе се чувствува почитуван, вреднуван и заштитен.

Особена благодарност упатив до Агенцијата за остварување на правата на заедниците и Комисијата за спречување и заштита од дискриминација за партнерството и стручната поддршка, Европската Унија и Советот на Европа за финансиската и концептуалната помош преку проектот „Борба против омразата и нетолеранцијата“, која овозможи да ги споделиме искуствата и да изградиме практични решенија.

Утврдуваме дека вистинскиот напредок доаѓа кога сите чинители – државни институции, граѓански сектор и лока лната самоуправа – работат заедно. Ваквите средби отвораат простории за нови идеи, партнерства и конкретни активности што ќе нè приближат до нашата заедничка цел: Општество без дискриминација, каде што човековите права не се само зборови во закони, туку секојдневна реалност.

Ви благодарам на сите што се вклучивте, што го споделивте вашето знаење и искуство и што заедно правиме Прилеп уште поздрав побезбеден и поуспешен дом за сите.“ кажа во своето обаќање градоначалник на општина Прилеп.

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, во соработка со Агенцијата за остварување на правата на заедниците, а со поддршка на заедничката програма на Европската Унија и Советот на Европа, организираше серија дискусии и работилници на локално ниво. Целта на овие активности е да се приближи работата на институциите до граѓаните, претставниците на локалната заедница и локалната самоуправа, како и да се презентираат механизмите за заштита на нивните права, со посебен фокус на заштитата од дискриминација.

Почитувањето на човековите права и заштитата од дискриминација претставуваат едни од клучните приоритети за нашата држава. Во таа насока, воспоставени се контролни и заштитни механизми со цел спречување на прекршувања и обезбедување на еднаквост за сите граѓани и граѓанки. Дополнително, формирани се институции чие основно овластување е следење на состојбите и навремена реакција во случаи на повреда на права или дискриминација. Познавањето на работата на овие институции и нивното приближување до локалното ниво е од особена важност за остварување на човековите права и слободи.

Слични Објави