Земјоделците да ги пријават штетите од голомразицата – Повик Општина Могила
Поради штетите предизвикани од голомразицата која ја зафати територијата на Општина Могила во периодот од 6 до 10 април 2025 година, локалната самоуправа објави јавен повик за пријавување на настанатите материјални оштетувања на овоштарските насади. Граѓаните имаат можност да ги пријават штетите во просториите на општината од 23 до 30 април, секој работен ден од 9 до 15 часот.
Кој може да пријави?
Граѓани со материјални штети на овоштарски насади.
Кога може да се пријави?
Од 23.04.2025 до 30.04.2025, секој работен ден од 09:00 до 15:00 часот.
Каде се пријавува?
Во просториите на Општина Могила.
Што треба да се достави?
- Барање (се добива во Општина или на веб страната mogila.gov.mk)
- Документи:
- ЕМБЗС (Единствен идентификациски број на земјоделско стопанство)
- Фотокопија од имотен лист (не постар од 1 месец)
- Лична карта или изјава за лични податоци
- Фотокопија од трансакциска сметка
- Фотокопија од договор за закуп
- Нотарски заверена изјава (за наследници или корисници на имот без правна поделба)
- Во продолжение линкот од повикот на веб страната од општината – https://mogila.gov.mk/j-a-v-e-n-p-o-v-i-k-za-prijavuvanje-na-shteti-na-zemjodelski-nasadi-od-prirodna-nepogoda-golomrazica-na-teritorijata-na-opshtina-mogila/

