ПРИЛЕПСКИ ТЕАТАР ПО ТРЕТ ПАТ ВО ХРВАТСКА
Театарот “Војдан Чернодрински” со претставата „Хамлет”, според Шекспир, во режија на Бранко Брезовец, гостува во Загреб на театарскиот фестивал Еуроказ.
Претставата ќе се одигра во театарот „Гавела“ на 10. Септември и тоа два пати. од 18 и 21 часот.
Ова е трето гостување на прилепскиот театар во Хрватска, после „Антица“ и „Глембаеви, Уште една легенда“ .
Утрово дел од актерската екипа, Зоран Иваноски (Хамлет), Даниела Иваноска (Гертруда) и Мијајло Миленкоски (Росенграц) гостуваа во утринската програма на ХРТ 1..