Одржливи општински услуги во секторот отпад
Денес, 02 април 2024 година, во просториите на Општина Новаци ќе се одржи регионален настан под име “Одржливи општински услуги во секторот отпад – Предизвици и патот напред“.
Настанот има за цел да обезбеди поддршка на регионалниот систем за управување со отпад во Пелагонискиот и во Југозападниот плански регион преку презентација на резултатите од спроведените анализи, плановите за развој и креирање форум за соработка помеѓу општините во двата региона.
На настанот ќе присуствуваат претставници од МЖСПП, ЗЕЛС и од Шведската амбасада, како и градоначалници, директори на комуналните претпријатија и претставници од општините од двата региона.
Настанот е организиран во рамките на проектот „Одржливо управување со отпадот на локално ниво“ спроведуван од SALAR International и финансиран од Шведската влада.