Прилепчанецот Исидор Јованоски ја освои наградата за најдобар актер на фестивалот „Театар во тврдина“!
На 12. издание на престижниот театарски фестивал „Театар во тврдина“, што се одржува во српскиот град Смедерево, наградата за најдобар актер – „Деспот Ѓураѓ Бранковиќ“ – му беше доделена на Исидор Јованоски за одлично одиграниот лик на Тригорин во претставата „Галеб“ од Антон Павлович Чехов.
Јованоски, кој потекнува од Прилеп, уште еднаш покажа зошто важи за еден од најталентираните актери на новата генерација. – Тригорин е комплексен и противречен лик кој бара многу посветеност, а Исидор одлично ја одработил својата задача.
Ова е големо признание за Јованоски, кој своето актерско образование го стекна на ФДУ во Скопје, а денес е дел од ансаблот на Велешкиот театар.