ПРИЛЕПСКИ ТЕАТАР ЈА ПОЧНУВА СЕЗОНАТА СО „ХАМЛЕТ“

Театарот „Војдан Чернодрински“ после гостувањето на  11. Амбиентален  Нови Тврдина Театар, што се организира во Чортановци, Србија, каде настапи со „Аудиција“ од Галин во режија на Владимир Милчин, ја започнува новата театарска сезона на 4. Септемри во претставата „Хамлет“.

Прилепскиот „Хамлет“ е работен според трагедијата на Вилијам Шекспир, со користење на драмите „Во малиот дворец“ на Станислав Игнациј Виткиевич и „Чест“ на Васил Иљоски, а режијата ја потпишува Бранко Брезовец.

Играат:
ХАМЛЕТ / Роднината / Стефан – Зоран Иваноски
ЛАЕРТ – Димитар Ѓорѓиевски
КЛАУДИЈ / ПРИЗРАКОТ / Тобожиќ – Андон Јованоски
ГЕРТРУДА / Сеништето / Ванѓа – Даниела Иваноска
OФЕЛИЈА / Aнета / Mилка – Марија Спиркоска Илијеска
ПОЛОНИЈ / Никола – Игор Трпчески
ХОРАЦИЈ / Коздроњ – Илија Волчески
РОЗЕНКРАНЦ – Александар Тодески
ГИЛДЕНСТЕРН – Михајло Миленкоски
ПРВИОТ ГРОБАР – Виолета Чакарова
ВТОРИОТ ГРОБАР – Наташа Ачански
ФОРТИНБРАС – Ана Митоска

Премиерата на претставата беше на 20 Октомври 2023 година.

Слични Објави