|

Започна програмата за одржлив туризам во рамки на проектот „ЕУ за Преспа“

Во Општина Ресен денеска официјално беше означен почетокот на програмата за одржлив туризам, како дел од проектот „ЕУ за Преспа – Обнова на природните ресурси и унапредување на одржливото земјоделство и туризам“.



Со објавување на три отворени повици наменети за различни чинители од туристичкиот сектор, започна нова фаза во развојот на зелени и одржливи практики во Преспанскиот регион.

Првите активности се однесуваат на:

  • Обуки и менторство за управување со сместувачки капацитети, развој на одржливи туристички производи и подобрување на односите со клиентите;
  • Повик за грантови на даватели на сместувачки услуги за унапредување на нивната понуда;
  • Повик за грантови на граѓански организации за развој на иновативни и одржливи туристички производи.

Покрај тоа, денес беше потпишан и Меморандум за соработка помеѓу УНДП, Општина Ресен и двата национални парка – Галичица и Пелистер. Целта е развој на интегрирана туристичка инфраструктура на отворено преку уредување и обележување на 100 километри велосипедски и 70 километри пешачки патеки низ заштитените подрачја во Преспа.

Проектот е финансиран од Делегацијата на Европската унија во Северна Македонија, а се спроведува од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП). Целта е одржливо управување со природните ресурси, подобрување на квалитетот на живот на локалното население и поттикнување на економски развој преку зелени практики во туризмот и земјоделството.

Интервенциите ќе се реализираат до јуни 2027 година.

Слични Објави