Музичка вечер со КНАП и најголемите хитови на Amy Winehouse
Во рамки на културната манифестација „Од 0 до Култура #2“, во четврток, 26 јуни 2026 година, со почеток од 21:00 часот на Камената бина ќе настапи бендот КНАП, составен од млади музичари кои ветуваат вечер исполнета со енергија, познати хитови и одлична атмосфера.
Бендот го сочинуваат Ана Цветаноска (вокал), Димитар Колевски (бас-гитара), Стефан Самарџиоски (тапани), Леонид Гешоски (гитара) и Леонид Насески (клавијатури). Според најавите, нивниот репертоар не се ограничува на еден жанр – од поп и рок до безвременски хитови што публиката лесно ги препознава и пее заедно со нив.
Посебен дел од концертот ќе биде посветен на Amy Winehouse. Со голема почит кон нејзиното творештво, КНАП ќе се обиде да ја долови суровата емоција, џез-магијата и препознатливиот ретро звук по кои британската пејачка остана запаметена. На програмата ќе се најдат и нејзините најпознати песни, меѓу кои „Back to Black“, „Rehab“ и „Valerie“.
Организаторите најавуваат вечер исполнета со добра музика, танц и заедничко пеење, а љубителите на добрата музика се поканети да бидат дел од настанот што ќе започне во 21:00 часот на Камената бина.



