Прилепчанецот Филип Николоски и „Меморија“ со заеднички настап на „Златна бубамара“

Пејачот Филип Николоски заедно со членовите на култната рок-група „Меморија“ настапи на 28-то издание на „Златна бубамара на популарноста“, кое синоќа се одржа во арената „Борис Трајковски“ во Скопје. Николоски ја изведе својата позната песна „Само на добро нека е“, во придружба на групата, во еден од највпечатливите моменти на вечерта.

Групата „Меморија“ на овогодинешното издание на манифестацијата беше наградена со две престижни признанија – за рок-концерт на годината и за рок група на годината. Гитаристот Рубин Димкоски, кој е исто така од Прилеп, е дел од составот кој продолжува да ја одржува традицијата на македонскиот рок.

Овогодинешното издание на „Златна бубамара на популарноста“ се одржа под мотото „Вештачка интелигенција за Владата, природна забава за народот“, носејќи спектакуларна вечер исполнета со музика, хумор и признанија за најдобрите во македонската естрада.

Слични Објави