Прилеп се одлепи од Куманово

До сега екипите Прилеп и Куманово имаа ист број бодови на табелата од плејаут-фазата на Супер лигата на Македонија, на последниот дуел се виде дека квалитетот е на страната на прилепскиот тим. Екипата Прилеп го доби дуелот со убедливи 28:23, а на полувремето беше 16:12. По ова Прилеп има два бода повеќе од Куманово.

Од ова коло се одигра уште мечот Струга – Радовиш (26:28).

ТАБЕЛА: Прилеп и Пролет по 13, Куманово 11, Радовиш 8, Струга 6, Борец 2.

СЛЕДНО КОЛО (4 јуни): Радовиш – Прилеп.

Слични Објави