Книжевен перформанс на Власта Цениќ
На 29. Мај – Четврток. 18 часот во градската библиоетека „Борка Талески“ – Прилеп, поетот Власта Цениќ, ќе ја претстави својата поезија.
Ова гостување се случува после повеќе посети на поетот низ други градови во Македонија, а идејата за прилепскиот перформанс постои уште од 2022 година. кога прилепскиот поет Филип Димкоски препева негова книга и му предлага да дојде во Прилеп.
Не очекувајте класична книжевна вечер, затоа што овој поет не е само поет на зборот туку и поет на сцената. Во себе ги носи и актерското искуство, новинарската елоквентност, професорската авторитативност, но најмногу човечката топлина.
Забележете го датумот, времето и местото, 29 мај, 18.00 часот, Градска библиотека ,,Борка Талески” – Прилеп и не пропуштајте го настанот.
Имаме музички гости и гостин рецитатор, но за деталите ќе ви соопштиме деновиве
Радоста е уште поголема затоа што ова е прв настан во организација на нашето здружение ЗОКУМ. – пишува Филип на Фејсбук во најавата за оваа поетска вечер.



