PRILEP JAZZ WEEKEND со петнаесетто издание во Прилеп

Петнаесеттото издание на PRILEP JAZZ WEEKEND ќе се одржи од 1 до 3 октомври во кино-салата на НУЦК „Марко Цепенков“.

Фестивалот повеќе од една деценија е дел од културниот живот на Прилеп, со континуирана програма посветена на џезот и современата музика.

Јубилејното издание ќе понуди музичка програма во текот на три фестивалски вечери.

На 1 октомври, четврток, програмата започнува во 21 часот со настап на Глигор Кондовски и Дориан Јовановиќ, а во 22:30 часот следува SETHSTAT.

На 2 октомври, петок, од 21 до 23 часот ќе настапат „Џез за Чудаци“.

Фестивалот завршува на 3 октомври, сабота. Од 21 часот е настапот на „Пијан Славеј“, а од 22:30 часот PEACH VICE.

Со своето петнаесетто издание, PRILEP JAZZ WEEKEND продолжува да биде дел од фестивалската и музичката сцена во Прилеп.

Оваа година фестивалот се одржува со поддршка од Општина Прилеп и Прилепск Пиварница

Слични Објави