Хуманитарна новогодишна работилница : Празнична магија со голема мисија
На 12 декември се реализираше новогодишна работилница од хуманитарен карактер, во која учествуваа децата од Едукативниот центар „Генијални умови“ и Детската амбасада „За сите деца во светот“. Преку креативна работа, децата изработуваа новогодишни украси, подароци и ракотворби, испраќајќи силна порака за емпатија, солидарност и грижа за другите.
Средствата собрани од хуманитарната акција ќе бидат наменети за помош на семејства од ранлива категорија. Во пресрет на празниците, во трите организации се реализира и донациска акција на храна, хемиски средства и училишен прибор, обезбедени од децата, нивните родители и вработените, кои исто така ќе бидат донирани.
Изработените новогодишни производи ќе бидат изложени и продавани на хуманитарен новогодишен базар, кој ќе се одржи на 19 декември, во центарот на градот, во периодот од 11:30 до 12:30 часот. На штандот ќе бидат присутни деца од:
- Едукативниот центар „Генијални умови“
- Детската амбасада „За сите деца во светот“
- ООУ „Ѓорче Петров“ – с. Ропотово
Настанот е реализиран со поддршка и од дел од приватниот сектор, кој ја препозна важноста на ваквите иницијативи насочени кон децата и локалната заедница.
Организаторите ги покануваат сите граѓани да го посетат базарот, да ја поддржат хуманитарната акција и да ја почувствуваат празничната магија создадена од детски раце и големи срца.



