„Каде се кучињата?“ – активисти повикуваат на мирен протест пред Општина Прилеп
Група активисти веќе неколку денови преку социјалните мрежи го поставуваат истото прашање: Каде се кучињата?
Бараат одговори и информации за тоа што се случува со кучињата, но велат дека одговори нема. Има само тишина.
Поради тоа, активистите повикуваат на мирен протест под мотото:
„Правда за кучињата. Каде се?“
Протестот ќе се одржи во среда, 30 септември, со почеток во 11 часот, пред Општина Прилеп.
Од активистите повикуваат граѓаните да им се придружат и заедно да побараат одговори.


