(ВИДЕО) МАКЕДОНИЈА И ПРИЛЕП-ГРАДОТ ХЕРОЈ ВО БОРБАТА ПРОТИВ ФАШИЗМОТ

Синоќа во фоајето на НУЦК „Марко Цепенков“-Прилеп, се одржа настан по повод 80 години од ПОБЕДАТА НАД ФАШИЗМОТ и 50 години од доделувањето на ОРДЕНОТ „НАРОДЕН ХЕРОЈ“ НА ПРИЛЕП, а во годината кога се одбележуваат 70 години од основањето на НАРОДНИОТ МУЗЕЈ – ПРИЛЕП, се одржа манифестација со пригодно предавање на тема: „МАКЕДОНИЈА И ПРИЛЕП-ГРАДОТ ХЕРОЈ ВО БОРБАТА ПРОТИВ ФАШИЗМОТ“.

Рубинчо Белчески, советник-кустос и историчар, одржа кратко предавање, за борбата на македонскиот народ во втората светска војна и оствартувањето на сонот за сопствена држава.

Се зборуваше за борбата на македонските партизани против фашистичкиот окупатор и поственото одликување на хероите и кога и зошто баш Прилеп е прогласен за град херој.

Директорката на НУ Завод и Музеј Прилеп, Мимоза Христоска, потсети за значењето на музејот како чувар на историјата.

„Наша обврска е да ја чуваме слободата, и да го негуваме сето она што не прави народ…“

Овој настан беше во склоп на „70 години Завод и музеј“ – Прилеп

Слични Објави