Отворена изложбата „Круг и град“ во Ликовната галерија на ЦК „Марко Цепенков“

Во Ликовната галерија при Центарот за култура „Марко Цепенков“ беше отворена изложбата „Круг и град“ од уметниците Петра Јовановска и Рафаел Ристовски. На изложбата се претставени графики и фотографии, а истата е поддржана од Министерството за култура и туризам.



Централен мотив во делата на Петра Јовановска е кругот, кој таа го третира како симбол на вечноста, животниот циклус, космосот и совршенството, нагласувајќи дека станува збор за форма без почеток и крај.

Рафаел Ристовски се претставува со фотографии преку кои ја истражува врската меѓу природата и урбаната средина, прикажувајќи го својот авторски израз низ жанрот на градскиот пејзаж и дигиталната обработка.

Со изложбата „Круг и град“, двајцата автори воспоставуваат уметнички дијалог во кој се спојуваат различни визуелни пристапи и авторски сензибилитети во заедничка уметничка целина.

Слични Објави