|

Најголемиот „Мал Битолски Монмартр“ досега

Детското ликовно студио “Свети Кирил и Методиј” Битола го најави најголемиот „Мал Битолски Монмартр“ досега со учество на 22 држави низ 24 делегации со над 150 гости. Воедно, објавени се и резултатите од 42то издание на светскиот детски ликовен конкурс „Битола“, на кој оваа година учество имаа над 800 приватни и државни школи од 80 земји, кои формираа фонд од над 50.000 детски ликовни цртежи од скоро 45.000 млади ликовни уметници од цел свет.

Оваа година со Наградата „Покана за учество на светската детска ликовна колонија Мал Битолски Монмартр“ се здобија следните земји – делегации:

  • Албанија – “National Cultural Children Center” – Тирана
  • Босна и Херцеговина – SSH “Ivan Goran Kovachich” – Кисељак
  • Бугарија – Foundation “Bulgarian Memory” – Софија
  • Кина – “Simply Art” – Хонг Конг
  • Хрватска – OS “Antun Nemchich Gostovinski” – Копривница
  • Чешка – ZUSH “Terezie Brzkove” – Плзен
  • Франција – “EFIS” Ecole Française Internationale de Skopje – Скопје
  • Грција – “Studio 83” – Florina
  • Индија – “Hobby Centre For Art” – Ахмедабад
  • Индија – “Mudra School Of Fine Arts” – Вадодара
  • Израел – “Shirley’s Fine Art School” – Лапид
  • Јапонија – City Of Chigasaki – Канагава
  • Малезија – “Yeow Chye Art Studio” – Аир Итам
  • Црна Гора – JU Srednja Likovna Shkola “Petar Lubarda” – Цетиње
  • Северна Македонија – Детско ликовно студио “Свети Кирил и Методиј” – Битола
  • Полска – Mlodziezowy Dom Kultury “Creatio”- Рубник
  • Португалија – Atelier de São Bento & Atelier de Almada – Лисабон
  • Романија – Seminarul Teologic Ortodox “Veniamin Costachi” – Неамт
  • Русија – School 1955 ( 1188 ) – Москва
  • Србија – Likovni Atelje “Artino” – Белград
  • Словачка – ZUSH “Spishska Bela” – Спишка Бела
  • Турција – “Veysel Acar Atolyesi” – Трабзон
  • Турција – “Cetin Sen Bilim Sanat Merkezi” – Кајсери
  • Украина – “Lutsk Art School” – Луцк

Детското ликовно студио “Свети Кирил и Методиј” Битола информира дека тоа се 24 делегации од 22 држави во светот од кои до рокот (20 март 2024 година) своето учество го потврдиле 20 школи, кои најавуваат најголем Мал Битолски Монмартр досега, со над 150 учесници.

Исто така, објавени се и наградите за школи и професори и тоа:

  1. „Професор Светлана Вешиќ – Ралевиќ“ награда за извонреден педагошки пристап во работата со млади визуелни уметници и талентирани студенти за периодот 2O23 / 2O24:
    Госпоѓица Џина Мартинс – Уметничко студио: “Atelier de São Bento & Atelier de Almada” – Лисабон – Португалија
  2. „Професор Коста Хаџи-Антоновски“ награда за глобална промоција на организираната форма на оценување и грижа за уметничкиот талент кај младите ликовни уметници и талентирани студенти за 2О23 / 2О24:
    Г-ѓа Алдона Качмарчик – Колучка – “Mlodziezowy Dom Kultury – Art Studio Creatio” – Рубник – Полска
  3. Награда „Бисер на уметноста“ за особен напредок на студент – поединец во неговиот развој и уметнички опус во периодот 2O23 / 2O24:
    Јали Алперт – „Shirley’s Fine Art School“ – Лапид – Израел
  4. Голема награда „Чувар на наследството на Коста“ доделена за исклучителен придонес во развојот на мисијата на основачот на организираната форма на оценување и грижа за уметничкиот талент кај младите уметници и талентирани студенти во 2O23 / 2O24:
    Г-дин Хенри Лау Хо Чеонг „Simply Art “ – Хонг Конг – Кина
  5. Голема награда „Професор доктор Богомил Карлаварис“ за животно дело и најдобар професионален пристап кон едукација и негување на уметнички талент кај младите уметници и талентирани студенти за 2O23 / 2O24:
    Г-дин Вејсел Аџар – “Veysel Acar Atolyesi” – Трабзон – Турција
  6. Гран-при за 2О24 – најголемата награда за најдобро училиште и најдобра колекција за светската детска ликовна изложба на конкурсот „Битола“ во своето 42-то издание:
    “Yeow Chye Art Studio” – г-дин Ченг Јео Чу – Аир Итам – Пенанг – Малезија
    Детското ликовно студио “Свети Кирил и Методиј” Битола соопштува дека наградите “златна четка” за колекција – “златна палета” за најдобро индивидуално остварување како и Дипломите за учество но и Специјалните колекции поради огромниот број пристигнати детски цртежи ќе бидат поединечно објавени на 2О април 2О24 година додека Програмата и составот на Меѓународната жири комисија ќе бидат соопштена на 15 мај 2О24 година.

Слични Објави