| | |

„Анатомија на муралот Илинден 1903“ во Музејот на македонската борба

Вчера во Музејот на македонската борба беше отворена изложбата „Анатомија на муралот Илинден 1903“ од академскиот сликар Борко Лазески, посветена на одбележувањето на двата големи празника од нашата историја – 121 година од Илинденското востание и 80 години од Првото заседание на Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија (АСНОМ).

– Муралите на нашиот современ академски сликар Борко Лазески, како визуелна форма на уметноста, се историска хроника за најзначајните моменти во нашата историја врежани во боја и форма, каде што во секој детаљ може да се почувствуваат слободата и страста на оние што го оствариле својот сон. Тие се потсетник за тоа што сме постигнале и каков пат сме поминале како нација – истакна министерот за Култура и туриза Зоран Љутков.

Слични Објави