БИТОЛА ДОМАЌИН НА 26 ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН ФЕСТИВАЛ НА МОНОДРАМА 2025
Битола по 26 пат ќе биде домаќин на Интернационалниот фестивал на монодрама, кој ќе се одржува од 17 мај до 23 мај.
Фестивалот и годинава го става актерот во фокусот, како единка во комуникацијата со публиката, а овој најстар фестивал од ваков вид во државата е поддржан од општина Битола со средства од Годишната програма за култура.
Во официјалната програма ќе бидат изведени 10 монодрамски претстави од 9 држави – Македонија, Полска, Литванија, Шпанија, Киргистан, Грузија, САД, Романија и Бугарија.
На свеченото отворање ќе биде изведена претставата „Д (Како Дездемона)“ во режија и кореографија на Рисима Рисимкин, а фестивалот ќе заврши со монодрамата „Куфер.мк“ на доајенката на македонското актерство Соња Михајлова, добитничка на наградата за животно дело на фестивалот „Војдан Чернодрински“.
На крајот на фестивалското издание, градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, ја доделува наградата од публиката.


