|

„ПРИЛЕП ФОТО ФЕСТ“ НА ДВЕ ЛОКАЦИИ

Фото кино клуб „Прилеп“ организира „Прилеп Фото Фест“, кој ќе се одржи на 5 и 6 октомври 2024 година. Настанот ќе се одвива на две локации во Прилеп и Крушево и ќе понуди разновидни активности за љубителите на фотографијата.

На овој фестивал ќе има две самостојни изложби на фотографии од авторите Димитар Ристески и Мери Бошкоска, како и една групна изложба која ќе ги обедини најдобрите фотографии од членовите на Фото Кино Клуб – Прилеп.

Александат Томовски ќе одржи работилница на која сите заинтересирани ќе можат да се запознаат со напредните техники на ументничката фотографија.

Целта на Прилеп Фото Фест е да ја афирмира фотографијата како уметност, да ги промовира Прилеп и Крушево како туристички дестинации и да поттикне соработка и споделување на знаења помеѓу фотографите од регионот.

Прилеп Фото Фест е поддржан од Министерство за култура и туризам на Македонија

Програма:

5 октомври 2024 (сабота)

Локација: Фоаје НУЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп

18:00 часот – Отворање на две самостојни изложби:

Мери Бошкоска: „Црно-бели фрагменти“

Димитар Ристески: „Светот одозгора“

Локација: Градска библиотека „Борка Талески“ – Прилеп,

19:00 часот – Фото работилница, предавач Александaр Томовски, мајстор на фотографија на НФУМ.

20:00 часот – Проекции на фотографии од автори од Македонија, Кралството Бахреин, Србија и Турција, и Групна изложба на уметнички фотографии

20:30 часот – Коктел

6 октомври 2024 (недела)

10:00 часот – Фото сафари во Крушево

Слични Објави