Д-р Кедев се искачи на уште еден врв над 8000 метри
Кардиологот Сашко Кедев, познат по своите алпинистички достигнувања, заедно со интернационална екипа, успешно го искачи врвот Шишапангма во Кина. Врвот, со висина од 8.027 метри, е дел од планинскиот масив Хималаи и се наоѓа во регионот на Тибет.
Турата беше организирана од „Имеџин Непал“, која ги објави членовите на експедицијата. Освен Кедев, во тимот биле присутни и седуммина алпинисти од Непал, како и учесници од САД, Јапонија и Пакистан. Ова е уште едно во низата на планински предизвици кои Кедев ги има успешно реализирано низ годините.
Ова е 12. врв повисок од 8.000 метри што Кедев досега го има освоено, само годинава ги искачи и Макалу, Лоце и Гашербрум 2.