ПРЕКУ ХУМАНОСТ ДО ПОДИГАЊЕ НА СВЕСТА ЗА ТЕКСТИЛЕН ОТПАД
Сабота, 5. Октомври кај камената бина во Прилеп, Тексомак, Општина Прилеп, ЈКП Комуналец и SALAR International ќе организираат есенска акција за подигање на свеста за текстилен отпад и почиста животна средина. длична иницијатива за подигнување на свеста за текстилниот отпад и зачувување на животната средина.
Во 11 часот ќе биде отворањето на настанот. Потоа следува креативна работилница за текстилен отпад, изложба на креации од текстилен отпад и нивна продажба, а собраните средства ќе бидат донирани во ООУ„Климент Охридски“ во паралелка со деца со посебни потреби.