|

Советот на Општина Прилеп донесе одлуки за вработување, модуларната катна гаража да биде дадена на трајно користење

На денешната 62. седница, Советот на Општина Прилеп донесе повеќе одлуки кои се однесуваат на локалниот развој во повеќе сектори, меѓу кои образованието, социјалната заштита, спортот и урбаната инфраструктура.

Советниците едногласно дадоа согласност за измена и дополнување на Годишниот план за вработување за 2025 година во ЈОУ Старски дом „Киро Крстески – Платник“ – Прилеп. Оваа одлука има за цел подобрување на кадровската структура и унапредување на условите за згрижените лица во установата.

Исто така, беше дадена согласност за Годишните планови за вработување за 2026 година во три училишни установи: Основното училиште „Климент Охридски“ – Прилеп, Средното училиште „Ѓорче Петров“ – Прилеп, Средното училиште „Кузман Јосифоски – Питу“ – Прилеп

Советот исто така усвои одлука со која модуларната катна гаража во Прилеп се доделува на трајно користење, одржување и управување на Јавното претпријатие за просторно и урбано планирање – Прилеп (ЈП за ПУП). Оваа одлука има за цел подобрување на паркинг-просторот и поефикасно управување со урбаната мобилност во централното градско подрачје.

Меѓу точките на дневниот ред се најде и усвојувањето на записникот од јавниот повик за распределба на средства за спортски клубови, професионални клубови, здруженија и фондации за 2025 година, како и одлуката за десегрегација на ученици Роми во Општина Прилеп.

Слични Објави