МЛАДИТЕ ОД ПЕЛАГОНИЈА СЕ ОБУЧУВААТ ЗА ПОДОБАР РАЗВОЈ НА НИВНИТЕ ВЕШТИНИ
„Развој на вештини на младите од Пелагонија за подобра иднина – Fast forward“ е проект имплементиран од Здружението за унапредување на развојните процеси ПРО ЛОКАЛ Битола, а поддржан од Американската амбасада, во кој што 15 млади лица од општините Новаци, Могила, Демир Хисар, Ресен, Крушево, Кривогаштани и Долнени, се обучуваат како да ги развијат своите бизнис идеи.
На работилницата која се одржа, покрај организаторите и учесниците, присуствуваа и градоначалниците на пелагониските општини. Градоначалникот на општина Прилеп – Борче Јовчески кој што е и претседател на Советот за развој на Пелагонискиот плански регион, истакна дека работењето со млади кои се полни со бизнис идеи е посебно задоволство.
Градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски, истакна дека е посебна привилегија да се работи со млади кои имаат желба да отворат свој бизнис, бидејќи младите со своите активности нè прават сите заедно поуспешни, помотивирани и посреќни во општините каде што живееме.
Велат, кога се сака, сè се може! 15 млади од Пелагонискиот регион покажаа дека сакаат да се реализираат професионално во приватниот сектор, да ги тестираат своите бизнис идеи на пазарот. Токму со овој проект младите научија дека иако секоја идеја има потенцијал, потребно е знаење и посебни вештини, истражување на пазарот, многу труд и посветеност за истата да стане реален бизнис.
Исто така е точно дека новоотворените компании најчесто пропаѓаат во првите години по отворањето, пред се поради немањето поддршка од правен и финансиски аспект. Наша обврска како општество е да им помогнеме нивните идеи да станат реалност“, истакна Коњановски.
15 млади од Пелагонискиот регион покажаа дека сакаат да се реализираат професионално во приватниот сектор и да ги тестираат своите бизнис идеи на пазарот.
Ние како локални самоуправи сме подготвени да ги поддржиме овие идеи и со тоа да ги поттикнеме и другите млади да размислуваат својот бизнис да го отпочнат во нашата Македонија. Да си ги задржиме нивните капацитети овде во Пелагонија. Наша обврска како општество е да им помогнеме нивните идеи да станат реалност.
Покрај општините, проектот се имплементира и во соработка со Центарот за вработување, со цел да се зајакнат претприемничките капацитети на младите од рурална Пелагонија, диверзификација на локалната економија и генерирање на дополнителни приходи за младите од рурална Пелагонија, како и поддршка на младите од Пелагонија за отпочнување на сопствен бизнис.