Две вооружени банди кај болницата – врие полиција – Прилеп или Дивиот Запад?
Драма пред прилепската болница. Според првичните информации, две вооружени групи се сретмале со цел да се пресметаат во близина на објектот, вооружени со пиштоли. Кои се мотивите и што точно се случувало, сеуште не се знае.
На местото на настанот пристигнала полиција со засилени екипи и ја блокирала околината. Се трага по учесниците во инцидентот.



