|

Општина Кривогаштани набави ново специјализирано возило

Општина Кривогаштани набави ново специјализирано возило, што ќе и овозможи поголема ефикасност и квалитет во извршувањето на комуналните задачи, како и поголема поддршка за потребите на локалното население и месните заедници. Со оваа набавка, општината ја зголемува својата механизација и подготвеност да одговори на растечките барања во одржувањето на инфраструктурата.

Проектот е финансиран преку Министерството за локална самоуправа – Биро за регионален развој, кое одобри средства во висина од 3.320.743 денари за подобрување на техничките капацитети на општината. Дополнително, Општина Кривогаштани се вклучи со кофинансирање од 2.040.257 денари, што во целост овозможи набавка на возилото.

Оваа нова механизација ќе придонесе за зголемување на ефикасноста во работењето, а истовремено ќе создаде значителни долгорочни заштеди во општинскиот буџет. Користењето на сопствена механизација ќе им овозможи на општинските служби да реагираат побрзо и поефикасно на потребите на граѓаните, што директно ќе се одрази на подобрување на условите за живеење во општината.

Набавката на специјализираното возило е дел од стратегијата на општината за продолжување на развојот на комуналната инфраструктура и подобрување на услугите за сите жители.

Слични Објави