|

Превземени мерки за спречување повторни пожари на крушевската депонија

Од Општина Крушево информираат дека запалената депонија на територијата на општината е санирана, а состојбата е стабилизирана. Според службите, навремено се интервенирало со попесочување на критичните делови, што придонело за целосно гасење на жариштата и намалување на штетните емисии.

Мерките се преземени во координација со надлежните институции, со цел спречување на понатамошно ширење на огнот и елиминирање на ризиците по здравјето на граѓаните и животната средина.

„Општината и понатаму останува подготвена да реагира доколку има потреба, а паралелно се работи и на долгорочни решенија за управување со отпадот“, се наведува во соопштението.

Дополнително, од локалната самоуправа апелираат до граѓаните да вршат одговорно одлагање на отпадот и да ја користат услугата на ЈКП „Комуна“ за отстранување на кабаст, градежен и друг специфичен отпад. Исто така, охрабруваат граѓаните да пријавуваат сомнителни случаи на намерно предизвикување пожари.

„Превенцијата и навремената интервенција се клучни за заштита на околината. Работиме на трајни решенија и одржливо управување со отпадот. Општина Крушево останува посветена на заштита на здравјето на граѓаните и безбедноста на заедницата.“, напиша градоначалникот на Општина Крушево Томе Христоски

Слични Објави