Познати добитниците на општинските средства за 2025 – 7,5 милиони денари за клубови и фондации
Најуспешните спортски клубови, здруженија и фондации кои делуваат во областа на спортот, културата и општествениот живот годинава ќе добијат финансиска поддршка од буџетот на Општина Прилеп за 2025 година. Комисијата за финансирање и буџет ги оцени пристигнатите апликации по Јавниот Повик бр. 01/2025 и одлучи за распределба на вкупно 7,5 милиони денари, согласно утврдениот правилник.
На 10 јуни 2025 година се одржа седницата на Комисијата во состав: Влатко Петкоски – претседател, Александар Китаноски, Трајче Ржаникоски, Александра Димова и Дарко Андреески – членови, одлучи кои апликанти ќе добијат средства за реализација на своите програми и активности.
ПРЕЗЕМИ 2025-Записник по повик за спортски клубови и здруженија