10ти ОКТОМВРИ – ДЕН НА МЕНТАЛНОТО ЗРАВЈЕ

10ти Октомври се одбележува како Светскиот ден на менталното здравје, со цел подигање на свеста за важноста на менталното здравје и доброто психолошко благосостојба. Овој ден служи како платформа за промоција на иницијативи, ресурси и поддршка за лица кои се соочуваат со ментални тешкотии, поттикнувајќи дијалог за искуствата и предизвиците што ги носи менталното здравје.
Па затоа денес, во СОУ „Ѓорче Петров“ – Прилеп се одржа едукативно предавање на тема :
,,Анксиозност и панични напади ” со цел зачувување и унапредување на менталното здравје на учениците.
Учество зедоа учениците од 4та, 3та и 2ра година под менторство на психологот Маја Димоска Јандреска и професор Силвана Колеска Илиески.