Општина Кривогаштани е подготвена да го одржува осветлувањето на регионалниот пат Прилеп – Крушево во Славеј
Општина Кривогаштани е подготвена да преземе активности за одржување на осветлувањето на регионалниот пат Прилеп – Крушево, кај Славеј, но за тоа е потребна согласност од надлежното Јавно претпријатие за државни патишта.
Проблемот се однесува на 23 неисправни сијалици на патниот правец, за чие одржување е надлежно Јавното претпријатие за државни патишта.
Со цел да се надмине состојбата, градоначалникот Игор Каравилоски на Општина Кривогаштани поднел барање до надлежното претпријатие за давање согласност општината да го преземе одржувањето на осветлувањето на овој дел од регионалниот пат.
Иницијативата има за цел да овозможи побрзо решавање на проблемот и подобрување на безбедноста на учесниците во сообраќајот, особено во вечерните часови кога видливоста е намалена.
Сега се очекува одговор од Јавното претпријатие за државни патишта, односно давање согласност со која Општина Кривогаштани би можела да преземе активности за одржување на осветлувањето.
Решавањето на проблемот би придонело за побезбедно одвивање на сообраќајот на овој патен правец, кој ги поврзува Прилеп и Крушево.


